Фото: МИА

За пожарот кој се случи денес во Ист гејт мол во 9 часот и 30 минути, ве информираме дека техничките служби заедно со пожарникарските служби на терен го локализираа пожарот и навремено го спречија неговото ширење, велат од трговскиот центар.
-Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации беа активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани. Како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица ниту е причинета голема материјална штета. Настанот се случи во време кога трговскиот центар се уште не е оперативен и нема посетители. Во моментов се врши увид за причините од страна на надлежните органи. По завршување на увидот, трговскиот центар ќе продолжи со работа со редовно работно време – велат од трговскиот центар.