Фото: Илустрација/Пикселс

Вооружен крадец денеска ограбил ескпозитура на банка во скопската населба Илинден, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Во 10.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во експозитура на една банка во населбата Илинден, едно лице со закана со огнено оружје, од вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти МВР.

Според очевидци крадецот со одземените пари избегал во непознат правец.