Фото: Nova Makedonija/ilustracija

Министерството за внатрешни работи информира дека утринава во 7 часот, во СВР Скопје било пријавено дека е пронајден починат маж пред поликлиника „Ченто“.

Според пријавата, околу 6 часот пред објектот бил пронајден починат Е.Е. (44) од Скопје. Лекарската екипа која излегла на лице место констатирала смрт без видливи траги на насилство.

Од МВР посочуваат дека по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, со цел утврдување на причината за смртта.