Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Четири лица се приведени како осомничени за вчерашното пукање и ранување на двајцата браќа од тетовското село Гајре, што се случи околу 18 часот пред Ургетниот центар н Клиничката болница Тетово. Полицијата трага по уште едно машко лице.

-Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер во 23 часот и 10 минути во Тетово ги лишиле од слобода Р.Т.(35) и М.Т.(44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш.Е. и Н.М.(39) од Тетово поради сомнение за нивна инволвираност во вчерашното (11 јануари) пукање со огнено оружје пред Ургентен центар на тетовската Клиничка болница, кое се случило околу 18 часот и 5 минути, а во кое со тешки телесни повреди (прострелни рани) се здобиле А.М.(41) и З.М.(36) од тетовското село Гајре. За уште едно лице се преземаат мерки за негово пронаоѓање – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид и се расчистува и документира случајот, по што против инволвираните во овој случај ќе следуваат соодветни поднесоци.