Кавадаречката полиција синоќа го лишила од слобода 34-годишниот К.М. од Кавадарци, откако при полициски преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари, пренесе МИА.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека приведувањето се случило на 5 септември, околу 22.45 часот, за време на одржувањето на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци.
Интервенирале полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.
К.М. бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен и јавен обвинител.
Од МВР соопштуваат дека по целосното документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

































