Дваесет и едногодишно момче од прилепско село е приведено под сомнение дека извршило обљуба врз малолетничка.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека осомничениот А.Ш. е приведен вчера на влез во селото. Против него, како што стои во соопштението од МВР, ќе биде поднесена кривична пријава, а од страна на судија веќе му е одреден притвор во траење од 30 дена.