Илустрација / Фото: МИА

Пукање во угостителски објект на улица „Самоилова“ се случило вечерва околу 20 часот и 30 минути.

Во објектот наречен „Шиша бар“ во близина на Кале имало пукотници во кои, според неофицијални информации на медиуми има две жртви и повредени лица.

Извори од лице место велат дека на терен се присутни голем број полициски екипи.

Се претпоставува дека се работи за престрелка помеѓу две криминални банди, а жртвите се нивни членови.