Вешти лица од Судска медицина и областа на психијатријата сведочеа на судењето за убиството на хрватскиот ракометар
Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот продолжува на 17 октомври откако денеска во Основниот Кривичен суд Скопје продолжи доказната постапка за случајот во кој ракометарот беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје.
На денешното рочиште сведочеа две вешти лица од Судската медицина. Вештото лице Ана Ивчева рече дека настанатите повреди се механички и се настанати со дејство на тапо-тврда сила во конкретните регии, а како причина за смртта на сега покојниот Денис Тот таа го посочи нагмечувањето на ‘рбетниот и големиот мозок.
Вештото лице од областа на психијатријата, Александар Марцикиќ, се изјасни за здравствената состојба на обвинетите која ја констатирал на 28 април годинава, кога го извршил прегледот. Тој посочи дека обвинетите се психички здрави индивидуи со уредна интелигенција.
Прашан дали обвинетите при прегледот биле агресивни, насилни или во состојба да ја искривуваат вистината, тој одговори дека при прегледот, ниту еден од обвинетите не манифестирал какви било знаци на пасивна или активна агресивност.
На прашањето дали тројцата обвинети во моментот на извршувањето на кривичното дело можеле да го сфатат значењето на делото и дали истите можеле да управуваат со своите постапки, вештакот рече дека секој од обвинетите во време на настанот бил со запазено психичко здравје, така што, како што посочи, можеле да ги разберат своите постапки, да ги претпостават последиците од истите и да раководат со истите.
Одбраната во своите воведни зборови кажа дека не смета дека правната квалификација за кривичното дело „убиство“ кое им се става на товар на обвинетите за смртта на хрватскиот ракометар е одржлива и дека ќе докажува дека не постои умисла за истото.
Обвинителството, пак, на првото рочиште истакна дека располага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден.
Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје, изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар.
Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.
– По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.
Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.
Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи доказната постапка за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје. На денешното рочиште сведочеа две вешти лица од Судската медицина.
Вештото лице Ана Ивчева рече дека настанатите повреди се механички повреди и се настанати со дејство на тапо-тврда сила во конкретните регии.
– Во однос на севкупното дејство на повредите, станува збор за тешки телесни повреди со конкретна опасност по живот на повредениот, рече таа.
Како причина за смртта на сега покојниот Денис Тот таа го посочи нагмечувањето на ‘рбетниот и големиот мозок.
На прашање од одбраната дали нагмечувањето на ‘рбетниот мозок е нанесено со удар или со пад, вештото лице одговори дека е настаната поради дејство на тапо тврда сила која предизвикала ротација на главата а со тоа и последователна повреда на ‘рбетниот мозок.
Вештото лице од областа на психијатријата, Александар Марцикиќ, се изјасни за здравствената состојба на обвинетите која, како што рече, „ја констатирав на 28 април 2022 година, кога и го извршив прегледот“.
Тој посочи дека обвинетата Клементина Левковска е психички здрава индивидуа со уредна интелигенција.
– Со прегледот се констатирани реакција на актуелната стресогена ситуација за неа која ценам дека е од висок степен поради настанот и исходот од настанот кој што се случил, како и репрекусиите кои дошле после тоа, во вид на кривична постапка и притвор – рече тој.
За обвинетите Анџело Георгиевски и Андреј Костовски, исто така, посочи, станува збор за психички здрави особи со просечна, односно уредни интелектуални капацитети и кај нив е констатирана психичка реакција на стресни ситуации во рамките на нормална реакција поради исходот од настанот, притворот и кривичната постапка која се води.
Во врска со прашањето дали обвинетите до сега страдале од некое минливо или трајно психичко пореметување, вештото лице одговори дека од прегледот, кој го направил констатирал дека кај обвинетата Клементина Лековска на 13-годишна возраст било констатирано минливо психичко пореметување во вид на пореметување на однесување во детска возраст.
– Ова пореметување значи дека во тој период од животот таа манифестирала и однесување кое се карактеризирало со дисоцијални постапки, агресивност, раздразливост, кое го надминувало бунтовното и инаетливо однесување карактеристично за овој период во кој што таа се наоѓала, тоа е период на пубертет – рече тој.
Прашан дали обвинетите при прегледот биле агресивни, насилни или во состојба да ја искривуваат вистината, тој одговори дека при прегледот, ниту еден од обвинетите не манифестирал какви било знаци на пасивна или активна агресивност.
– Како што опишав, кај нив беше актуелна психичката реакција на исходот од настанот и реперкусиите од нив, кои што воглавно се со слични манифестации, грижа на совест, чувство на вина, видлива вознемиреност поради исходот на случката и кривичната постапа против нив, страв или анксиозност од самата постапка и последиците, пред сѐ мислам на социјалните последици – рече тој.