Во стабилна состојба е повредениот во сообраќајната несреќа на автопатот Штип – Миладиновци, кој со тешки телесни повреди беше пренесен од штипската Клиничка болница на скопските клиники, изјави за МИА доктор Неџати Јакупи од Клиниката за торакална и васкуларна хирургија.
-Повредениот е на возраст од 29 години, во стабилна состојба е, со скршени ребра и контузии на белите дробови. Ќе биде задржан на опсервација неколку дена – рече доктор Јакупи.
Едно лице од повредените во сообраќајката на автопатот Штип – Миладиновци е пренесено во Скопје