Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднел кривична пријава против И. М. од Тетово, вработен во СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело примање поткуп, казнив според Кривичниот законик.

На 24 август во Тетово, полицаецот пријавен од роднина на приведениот, примил поткуп од 400 евра за наводно да му помогне за да избегне притвор.

Против полицискиот службеник поднесена е и иницијатива за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност и отстранување од работното местото до завршување на дисциплинската постапка.