Фото: Архива

Жена паднала од трети кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, пријавено е во СВР Охрид, денеска во 11.10 часот. Таа потоа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, извести СВР Охрид. Приведени се две лица во врска со инцидентот.

– Во врска со настанот, во 11.45 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, лишени од слобода се А.Д.(32) и Е.М.(21) двајцата од Охрид. На местото на настанот, увид вршат Јавен обвинител и полициски екипи и се преземаат мери за целосно расветлување на настанот – соопшти СВР Охрид.