Фото: Маја Јаневска-Илиева

Бројот на училишта до кои денеска до 11 часот се пристигнати дојави за бомби се зголеми на 67 во Скопје и едно училиште во Прилеп. Дојава е упатен и до една скопска детска градинка.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – велат од МВР.

Дојава за поставена бомба вчера доби и резиденцијата на претседателот Стево Пендаровски како и неколку хотели, музеи судови и трговски центри. Полицијата, по направените проверки, утврди дека се работи за лажни дојави.