Потресите во Битола продолжија и во текот на ноќта. Најсилниот во текот на ноќта беше со јачина од 3,2 степени, а беше регистриран во 2.32 часот.

Утрово нов потрес во 7.28 часот, од истото епицентрално подрачје кај Лерин и со јачина од 3,6 степени според Рихтер.

По силниот земјотрес доцна синоќа во 22.44 часот со јачина од 5,6 степени во Грција, голем дел од граѓаните на Битола ги напуштија своите домови.