Фото: Маја Јаневска-Илиева / Архива

Во погон на булевар „Трета македонска бригада“ во Скопје, на еден од меѓукатовите, бил пронајден починат Г.Ѓ.(61) од скопското село Долно Лисиче, вработен во погонот.

Како што соопшти МВР, случајот вчера бил пријавен во СВР Скопје од Итна медицинска помош.

Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено за обдукција.