Тодор Чепреганов

Македонија сама си ја проблематизира историјата со потпишувањето на договорот со Бугарија и ќе следуваат уште понепријатни ситуации, смета историчарот Тодор Чепреганов. Тој порачува дека историската комисија треба да се распушти, затоа што со овие преговори македонската историја добива бугарски наратив.

И професорката Виолета Ачкоска го дели истиот став. Според неа Македонците се доведени во апсурдна ситуација да докажуваат дека во Втората светска војна се бореле против фашизмот, кога тоа е општо познат факт. За неа заеднички може да се чествуваат единствено празниците кои се дел од светската историја како што се Денот на Обединетите Нации и Победата над фашизмот.

За да се надминат недоразбирањата, историјата треба да им се препушти на научниците и да не е дел од политичките договори, смета претстедателот на здружението на историчари, професорот Митко Панов.

Историчарите сметаат дека членовите на комисијата треба да го слушаат гласот на науката, а не да реагираат на одредени политички контексти кои ги врамуваат во некоја политичка слика која не е рефлексија на нешто што треба да биде наука.

Научници, истражувачи, историчари се дел од научен собир што го организира струмичкиот музеј, а темата е Епаминонда Поп Андонов и народноослободителното и антифашистичкото движење во Втората светска војна.