Фото: Румен Радев/инстаграм

Бугарија ќе поддржи иницијатива за поставување спомен-плоча на Гоце Делчев во селото Баница, местото каде тој загинал во 1903 година, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев, пренесе бугарската новинаска агенција БГНЕС.

– Бугарија и Грција ги оставија настрана сите противречности во минатото и во моментов се модел и пример за стратешко партнерство и разбирање, рече и шефот на бугарската држава. Не гледам проблем, Грција, која е суверена држава, и се грижи за спомениците на нејзината територија, треба да даде можност за таков споменик, особено што Гоце Делчев е бранител на слободата на сите луѓе, без разлика во која земја живееле – изјави Радев, при што го цитираше Делчев со неговата најпозната изрека за светот како поле за културен натпревар.

Токму тоа денеска го прават Бугарија и Грција, рече Радев.

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу за БГНЕС изјави дека „ако има барање за поставување спомен плоча на Гоце Делчев во серското село Баница, надлежните органи ќе го разгледаат“. Иницијативата за поставувањето спомен-обележје се совпаѓа со 120-годишнината од смртта на Делчев.

Македонскиот револуционер Гоце Делчев загинал во 1903 година, во Баница, село во серскиот регион, кое денеска е напуштени речиси и да не останало ништо од него.