Фото: МВР

На Љупчо Палевски му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена во казнено-поправната установа „Беликесир“ со цел да се обезбеди екстрадиција во Македонија, согласно член 16 од Европската конвенција за екстрадиција на криминалци, информираат во допис од Републичкото јавно обвинителство Беликесир – Турција.

Палевски е првообвинет за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Тој беше уапсен на 6 декември во турскиот град Баликесир. По апсењето на Палевски, министерот за правда Кренар Лога испрати барање до Турција за негова екстрадиција.