Фото: МВР/илустрација

Шест возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, петмина од нив управувале возило без возачка дозвола, при што двајца се малолетници, додека едно лице било затекнато како вози и покрај активна забрана за управување со патничко возило.

Малолетни возачи без дозвола биле откриени во Скопје и Гостивар, а останатите случаи се евидентирани во Куманово, Кавадарци и Прилеп. Возачот со активна забрана бил приведен на граничниот премин „Деве Баир“.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството упати апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.