Фото: Пиксабеј

Возач на автобус, македонски државјанин роден 1965, загинал денеска во сообраќајна несреќа во Италија, а 12 патници, исто така македонски државјани, се полесно повредени, соопшти Министерството за надворешни работи.

МНР било информирано од нашата Амбасада во Рим дека на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна несреќа во која учествувал автобус на туристичка агенција од Македонија, при што, како што се наведува „на самото место починал возачот на автобусот – Р. И. (1965) додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани“.

-Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот – информираше вечерва МНР.