Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, преку статус на Фејсбук реагираше на одлуката на американските власти да го стават на „црната листа“ поради вмешаност во „значителна корупција“.

– Жалам за денешната одлука на Стејт Департментот и сметам дека таа не е исправна. Одлуката е базирана на конструкции и дезинформации за кои со време ќе се докаже дека се неиздржани. Секогаш сум ги бранел и ќе ги бранам интересите на Македонија. Верувам дека правдата ќе победи и дека одлуката на американската администрација ќе биде корегирана – напиша тој на Фејсбук.

Одделот за финансии на американската влада денеска соопшти дека, заедно со редица други политичари и бизнисмени од Западен Балкан, под санкции се ставаат и Никола Груевски и Сашо Мијалков.