Фото: Принт-скрин

Стадо диви свињи, веројатно е причината за сообраќајна несреќа на патот во близина на грчкиот град Кукуш во која биле вклучени три возила – од кои едно полициско, едно од Македонија и едно од Грција и во која загинаа двајца грчки граѓани, а се повредени четири лица, меѓу кои и македонска државјанка, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, полициско возило со тројца полицајци удрило во стадото диви свињи и излетало од патот, потоа следел автомобилот со македонски регистарски таблички со двајца патници, кој исто така удрил во стадото и се превртел и на крај уште едно возило, грчко, удрило во патролното возило на полицијата.

Во несреќата е повредена сопатничката во македонското возило, како и тројцата полицајци, а двете лица од грчкото возило загинале.

Неофицијално, како што дознава МИА, повредената Македонка е пренесена во болницата во Кукуш.