Фото: МВР

Првоосомничениот за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо, пристигна на Меѓународниот аеродром во Скопје околу 19.30 часот, со редовен авионски лет од Турција, според првичните неофицијални информации.

Се очекува да биде спроведен директно во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Палевски помина повеќе од три месеци во екстрадационен затвор во Турција. Тој е првоосомничен во истрагата за грабнување и убиство на свиреп начин на малолетната Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Нивните тела беа пронајдени во ист ден, на 3 декември минатата година. Палевски беше уапсен неколку дена подоцна во Турција.