Фото: Пиксабеј

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 42-годишната Ј.Ш. од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“, извести МВР.

– Во текот на декември 2022 година, пријавената во два наврати довела во заблуда две лица од Радовиш дека ќе им посредува за добивање на бугарско државјанство, за што побарала и зела различен паричен надомест од лицата, во вкупен износ од 3.500 евра – соопшти МВР.