Фото: Пиксабеј

Кавадарчанка пријавила во полиција дека лице со кое била во љубовна врска извршило полови дејства врз нејзината ќерка, информираа од СВР Велес.

– Синоќа во 21 часот во ОВР Кавадарци, 38-годишна кавадарчанка пријавила дека на почетокот на март, врз нејзината малолетна ќерка било извршено полово дејствие, од лице со кое била во љубовна врска и кое било полнолетно. За настанот известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопштија од СВР Велес.