Фото: Макфакс

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева има желба и самата да присуствува на судењата против неа, Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милески – Кичеец, СЈО, Републичкото обвинителство и Владата, а кои се водат за 1,5 милиони евра што бизнисменот Јордан Орце Камчев си ги бара назад. Нејзиниот адвокат и син, Лазар Јанев, побара од судот, за следното рочиште да упати барање до затворот „Идризово“ за спровод на следното рочиште. Во однос на прашањето зошто се тужени државните институции, одговор нема ниту Сашо Дуковски, застапник на Јовановски. Рочиштето се одложи и ќе продолжи во средината на февруари.

– Тужената има желба да присуствува на рочиштето, но не е дозволено зошто нема барање од судот. Бараме за наредното судско рочиште тоа да биде направено – рече Јанев.

Судијата укажа за можно одлоговлекување на постапката.

– Доколку се обезбедува лице во постапка, морам да посочам, дека може да се одолговлекува постапката и се големи трошоците – рече судијата.

Адвокатот Дуковски, смета дека судењето тек ќе започне кога ќе се одржи следното рочиште. Нему, не му е јасно како бизнисменот Камчев го тужи СЈО, институција која не постои.

– Имаше процесни недостатоци и од тие причини денешното рочиште се одложи за 14 февруари. Видовте дека имаат некаква си изјава од страна на тужителот (Камчев) дека го повлекува тужбеното барање кон четвртотужениот и третотужениот (Милески) кој ја призна вината во кривичната постапка со кој факт ние првпат денеска се запознавме. Инаку денешното рочиштето не се одржа. Немаше процесни услови. Се одложи. За тоа во кое својство Камчев ги тужи непостоечкото Специјално јавно обвинителство, Републичкото обвинителство, Владата, Дукоски вели: Тоа е опасна и за мене. Мислам дека сум долго време адвокат, но тоа е опасна непознаница за мене, а исто така, не ми е јасно како може да тужи институција, орган кој во моментот на поднесување на тужбата не постои. Секако, мислам за СЈО. Не знам, тоа ќе треба да го прашате него или неговиот полномошник, имаат нивна теорија, ние имаме своја теорија за тоа дали може или не може да има тужба – вели Дуковски.

Поради недоволен број на копии од поднесоци на тужените, тужителот и правобранителот, рочиштето се одложи. На сите им е даден рок од три дена да ги достават сите поднесоци во доволен број на примероци, по што закажа ново судење.