Фото: Архива

Поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и поранешниот владин генерален секретар Мартин Протуѓер признале вина за случајот „Титаник“ на денешното рочиште, објавија повеќе медиуми, повикувајќи се на информации од Кривичниот суд.

Тие посочиле дека преземаат одговорност како морален чин. А уште петмина од обвинетите исто така признале вина. Обвинетите добија прилика повторно да се изјаснат за вина откако судењето неодамна се врати од почеток.

Се очекува Кривичен да почне посебно судско рочиште за оние што признаа вина, додека за останатите обвинети судењето треба продолжи во посебна постапка.

Во „Титаник“ се обвинети и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

 

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.