Изгаснат пожарот што избувна вчера околу 17 часот во „Жито Битола“, како што информира заменик-командирот на битолската противпожарна единица Горан Димкоски.
Во гаснењето на пожарот во објектот „Жито Битола“, беа вклучени 29 пожарникари со 9 противпожарни возила, а на барање на градоначалникот на општина
Битола Тони Коњановски, беше помогнато и со две возила за дотур на вода од ЈП „Водовод“ и од „РЕК Битола“.
Засега не е познато како дошло до пожарот и колкава е причинетата штета.
Коњановски претходно рече дека станува збор за стар објект којшто е во сопственост на „Ангро механизација жито Битола“, и опфаќа пекарница, млин и силос. Во моментот на избувнување на пожарот внатре имало двајца работници кои навреме излегле.
Претходно и МВР јави дека нема пријава за повредени лица во пожарот. М.М.