Фото: Маја Јаневска Илиева

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги во содејство со НККР Гостивар, денеска околу 14:45 часот на улицата „Пере Тошев“ во Охрид го лишија од слобода е Б.И. (35) од село Горно Татеши, Струга, кој бил баран со централна потерница од КПУ затвор „Идризово“ поради бегство од затворот.

Како што соопшти МВР, Б.И. е осуден за кривично дело „тешка кражба“ на казна затвор од осум години и седум месеци, а за доиздржување има пет години,  седум месеци и осум денови.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.