Фото: Пиксабеј

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го завршија процесот на екстрадиција на Бесим Красниќи (44) од Косово во Република Македонија.

Како што посочуваат од МВР, Красниќи се бараше со меѓународна потерница по наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за  подготвување во врска со кривично дело тероризам.

Од Министерството наведуваат дека лицето е спроведено во КПУ Идризово.