Фото: Илустрација/Пиксабеј

Градежни работници на 50 и 63 години ги загубија животите попладнево додека работеле во тетовска Шипковица. Според првичните информации на СВР Тетово настрадале А.А.(63) од тетовско Селце и Џ. Ц.(50) од Албанија.

– Денес во 15 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека две лица додека изведувале градежни работи во тетовското село Шипковица, се здобиле со тешки телесни повреди од кои починале. Лекари од Итната медицинска помош констатирале смрт кај нив. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово вршат увид и се утврдуваат сите поединости поврзани со овој случај – информира Марјан Јосифоски, портпрол на СВР Тетово.

Тој информира дека на местото на несреќниот случај присутни се и тетовските пожарникари и претставници од Државниот трудов инспекторат.