Фото: МВР

Заканата се појавува в среда, четврток и петок, и во една смена на училишта, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, зборувајќи за дојавите за бомби во средните училишта, во вечерашното гостување на ТВ24.

– Содржините на мејловите се различни. Истрагата е многу комплексна, не зашто учествуваат многу оддели од МВР, туку е сложена зашто ги утврдуваме ИП-адресите. Се праќаат од надвор, од Хрватска, Швајцарија, се креираат виртуелни мејлови. Сите интернет-провајдери кои можат да воспостават ваква конекција мора да дадат одговори и тие ги проследуваме до секторот за тероризам – рече Спасовски и нагласи дека нема преговори со терористи.

Во седум училишта во Скопје и денеска беше упатена закана за поставена бомба по што уследи евакуација, за МВР да утврди дека станува збор за лажни пријави.