Фото: Маја Јаневска-Илиева

Закани за поставени електронски направи пристигнале на електронските адреси на 19 средни и осум основни училишта во Скопје, едно училиште во Прилеп, како и до Основниот суд во Охрид, објавува „Макфакс“.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – велат од МВР.

Предвидено е наставата за еден час да продолжи да се одвива онлајн, по препорака на Министерството за образование.

Поради дојава за поставена бомба утрово од 8 часот се евакуирани вработените од Основниот суд во Охрид. На местото се екипи на полицијата, на Службата за итна медицинска помош како и на Територијалната противпожарна единица.

Објектот е изолиран, а полицијата не дозволува двиќење возила и пешаци на едниот крак од Булеварот „Македонски просветители“.

Не се познати други детали за инцидентот, ниту за начинот на кој е направена дојавата.