До 18 часот попладнево во земјава се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, три се под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни пожари има во:
- Ѓорче Петров – село Грачани, каде што пожарот моментално е активен на територијата на Република Косово, во шумски предел;
- Струга – меѓу селата Буринец, Локов и Селци, нискостеблеста шума;
- Македонски Брод – село Белица, месност Кајорец, борова шума;
- Кратово – пожар на депонија;
- Босилово – меѓу селата Моноспитово и Бориево, на депонија;
- Велес – село Кочилари, од каде што пожарот се префрлил на територијата на Општина Свети Николе, во селото Бекирлија, каде што гори ниска вегетација и борова шума;
- Маврово и Ростуше – планината Бистра, месност Кириловец, каде што гори пасиште и ниска вегетација;
- Сарај – село Горна Арнакија, нискостеблеста шума.
Под контрола се три пожари – во село Копаница во Општина Сарај, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, во село Брест, месност Рамно на Скопска Црна Гора, во Општина Чучер-Сандево, каде што гори мешана шума, и на градската депонија во Делчево.
Од вкупно регистрираните 23 пожари, 12 се изгаснати.































