Фото: ДЗС/илустрација

Полициски службеници од СВР Битола вчера го лишиле од слобода 67-годишниот Б.С. од Битола, кој се сомничи дека предизвикал пожар на улицата „4 Ноември“, пренесе МИА.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пожарот избувнал околу 12.35 часот, при што биле зафатени сува трева и дрвени палети во поранешното стовариште на осомничениот.

Пожарот бил локализиран и изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Битола. Во инцидентот нема повредени лица.

На местото на настанот бил извршен увид од екипа на СВР Битола. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против 67-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.