Фото: Н.Б.З

Автомобил кој вечерва гореше на булеварот „Кочо Рацин“ во близина на ОУ „Димитар Миладинов“ и зградата на Црвен крст во центарот на Скопје, се запалил во возење.

Според информации од Министерството за внатрешни работи (МВР) пожарот во 18.45 часот го пријавил Г.Д (28) од с.Ростуше кој кажал дека додека го управувал неговото возило марка „Даеву Ланос“ истото почнало да чади од хаубата и да избива пламен, при што е изгорен делот кај моторот и шал таблата.

Огнот бил изгаснат од страна на екипа на БППЗ, која интервенирала со пет пожарникари и едно противпожарно возило.