Денеска во периодот од 10 до 14 часот, на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за брзината со која возилата се движат, во која биле откриени и санкционирани вкупно 62 возачи за пречекорувања на максимално дозволената брзина (Те-42 и ГВ-20).

Три од пречекорувањата биле за над 70 километри на час (ТЕ-2 и ГВ-1), а 23 од 50 до 70 километри на час над дозволеното.

Покрај ова, соопштија од МВР, санкционирани се и 9 возачи за пречекорувања во населено место(ТЕ-6 и ГВ-3), од кои 1 (ТЕ) за 50 километри на час.

Според полицијата, биле санкционирани и 5 возачи за други видови сообраќајни прекршоци(ТЕ2 и ГВ-3).