Обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова не сака да коментира ништо за случајот „Рекет“ бидејќи е повикана на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција во својство на сведок. Таа утрово ги избегна камерите пред судот и влезе низ споредниот влез.

Во една од снимките кои се објавени од италијанскиот весник „Ла Верита“ поврзани со случајот „Рекет“, шефицата во оставка на СЈО, Катица Јанева вели дека ја има под контрола Лиле Стефанова, обраќајки му се на бизнисменот Орце Камчев кој е осомничен во предметот „Империја“, кој го води Стефанова.

Обвинителката Стефанова преку писмена изјава во изминатите денови рече дека Јанева без нејзино знаење носела одлуки за случајот „Империја“, потсетувајќи дека барањето за издавање на времен пасош било одобрено без таа да дaде согласност. Дополнително, обвинителката Јанева на состанок со обвинителите побарала предметот да се затвори и никој да не оди во затвор.

Стефанова утре треба да даде исказ кај Вилма Русковска за случајот „Рекет“.