Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води предметот „Империја“, денеска треба да даде исказ во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“.

Обвинителството заради доверливоста и успешно водење на истрагата не соопштува однапред кои дејствија и кога ќе бидат преземени, но најавите се дека по Стефанова во Обвинителството треба да биде повикана и специјалната обвинителка Катица Јанева. Јавниот обвинител Љубомир Јовески изјави дека сите инволвирани ќе бидат неселективно сослушани или распитани.

Јанева и Стефанова беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“ во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.