Вчера во Полициската станица Гостивар, И.В. пријавил дека во кругот на фабрика во неговото товарно моторно возило со полуприколка, при растовар на материјали пронашол непознато лице кое се претставило дека е од Сирија.

Од полициски службеници излезено било на местото на настанот по што лицето било приведено во полициска станица и истото не поседувало никаков документ за идентификација, а се претставил како М.Х.(20) од Сирија.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.