Полицијата приведе 29-годишен дилер на кокаин во Скопје.

Според информациите на МВР, вчера полициски службеници го привеле Г.Ѓ.(29) од Скопје. При претрес во негов стан, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со кокаин.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.