Полицијата ноќеска приведе 10 странски државјанки  во угостителски објект во тетовско Жеровјане во акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово во однос на злоупотреба на туристички престој.

Од приведните, осум се државјанки на Србија и по една од БиХ и од Бугарија.

Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка, информира Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.