МВР соопшти дека на вчера околу 19.30 часот на булеварот Партизански одреди во Скопје полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Карпош привеле двајца разбојници А.И. (22) и Д.К. (17) од Скопје, кои непосредно пред тоа се обиделе да украдат пари од маркет на булеварот. Веднаш по добиената пријава, лицата се пронајдени и приведени од полициски службеници од ОКР Карпош.

Досега е документирано дека лицата се сторители на пет кривични дела – разбојништва во обложувачници, како и тешки кражби во цркви и маркети, се вели во соопштението.