На улица „Козара“ во Скопје вчера е прегазена 83-годишна жена од непознат возач кој се дал во бегство.

-На 11.12.2018 година во 12:00 часот во Скопје на улица „Козара“ непознато патничко моторно возило управувано од непознат возач (кое го напуштило местото на настанот), удрило во пешакот Л.Т.(83) од Скопје. Л.Т. се здобила со тешки телесни повреди и укажана и е лекарска помош во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“- се наведува во билтенот на МВР.

Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.