Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ, во соработка со екипа на Територијалната противпожарна единица, денеска околу 12 часот извлекле шест лица од прилепското село Вепрчани, кои поради снежни наноси не можеле да излезат од селото од саботата. Како што информиеаатос МВР, лицата биле на возраст од 24 и 25 години од Кавадарци и во село Вепрчани отишле во саботата.

Лицата биле затекнати во добра здравствена состојба. Со возила на граничната полиција и на противпожарната единица тие биле однесени во Прилеп од каде заминале во своите домови во Кавадарци. Ка.М.