Фото: Маја Јаневска-Илиева

Изгаснат е пожарот што изби вечерва на покривот од катната гаража „26 Јули“ во центарот на Скопје, според последните информации од терен.

Очевидци велат дека пожарот избувнал додека се одржувала свадба во ресторанот „Рагуза“, кој се наоѓа на покривот од катната гаража.

Според неофицијални информации, во пожарот нема повредени, додека една девојка била однесена со Брза помош поради претрпен шок.

На теренот беа присутни четири противпожарни возила и беше употребена новата противпожарна скала.

Булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ беше затворен за сообраќај за време на интервенцијата на пожарникарите.

Допрва се очекуваат официјални информации од надлежните за причинетата штета, евентуални повредени, како и за причините за пожарот.