Фото: Кристина Антевска

Пожар избувна вечерва на покривот од катната гаража „26 Јули“ во центарот на Скопје. На покривот се наоѓа ресторанот „Рагуза“.

На терен пристигнаа противпожарни екипи, додека местото го обезбедува полицијата.

Огнот и чадот предизвикан од пожарот се видливи од повисоките згради во Скопје.