Во кајакарски клуб во Долна Матка синоќа избувнал пожар при што е причинета материјална штета од околу 180 илјади денари.

Пожарот е пријавен во Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје во 19:05 часот, а интервенирано е до 20:45 часот.

На терен биле испратени пет пожарникари со две возила.