Триесетдневен притвор доби 32-годишниот маж од струмичкото село Муртино, кој е осомничен дека вчера извршил обљуба врз немоќно лице.

-Искористувајќи го претходното познанство со жртвата, триесет и двегодишниот осомничен, вчера во село Муртино, струмичко, околу 10:30 часот ја нападнал оштетената-лице со пречки во развојот и при тоа извршил обљуба. Тој како вработен во претпријатие за собирање отпад претходно се сретнал со оштетената, при што ја осознал нејзината состојба како и домот во кој живее. Во момент кога жртвата била сама, осомничениот го извршил делото. По пријава од родител на жртвата, осомничениот е веднаш лишен од слобода – соопшти ЈОРМ.

Надлежен јавен обвинител од ОЈО Струмица донесел наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за сторено кривично дело обљуба на немоќно лице од Кривичниот законик.

-Едновремено, обвинителот ценеше дека се исплонети законските основи, па до Основниот суд Струмица достави предлог за определување на мерката притвор. Судот го прифати предлогот на осомничениот и со решениe му определи притвор во времетраење од 30 дена – велат од Обвинителството.