Стара неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна е пронајдена во старата касарна во Битола-комплекс Јуриј.

Пиротехничар во Дирекцијата за заштита и спасување вчера пријавил во Полициската станица – Битола дека во 13.30 часот од страна на вработен во ГП „Гранит“, при изведување градежни работи во старата касарна била пронајдена артилериската граната.

Во 13.50 часот, соопшти МВР, од страна на пријавителот гранатата безбедно е подигната за натамошна постапка.