Во вештачкото езеро во Струмица вчера е пронајден починат 55-годишен жител на струмичкото село Куклиш.

Извршен е увид од увидна екипа во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Струмица, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.


Почината жена пронајдена во стан во Маџир Маало

Полициски службеници пронашле почината жена и траги од крв во просторија од стан на улица Маџир Маало во Скопје. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.

Ќерката на починатата жена пријавила во полиција дека нејзината мајка Л.Т.(45) од Скопје, не и` се јавувала на телефон од 17 април и се сомневала дека е почината.

Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.